Како една од основните човекови права и како една од основите за демократско општество е правото на слобода на изразувањето, без цензура или ограничување. Слобода на говор како синоним на слобода на изразување понекогаш укажува не само на вербален говор, туку и на барање, примање и пренесување на информации или идеи, без оглед на медиумите кои се користат. Во пракса, правото на слобода на говор не е неограниченo каде и да е, и тоа, правото е обично предмет на ограничувања како во однос на „говорот на омраза“.
Во едно демократско општество секој има право да го изрази и сподели своето мислење, да ги пренесува своите идеи…
Правото на слобода на говорот е признаено како човеково право според членот 19 од Универзалната декларација за човекови права како и во меѓународните закони за човекови и граѓански права.
ЦИВИЛ МЕДИА е организациска единица што се залага за слобода на изразувањето и медиумските слободи, што е дел од организациските определби.
Медиумите се алатка која ќе им служи на граѓаните слободно да ги искажат своите проблеми со кои се соочуваат и слободно да известуваат за настаните, но понекогаш тие имаат двојна улога, односно се јавуваат како корисници и прекршители на слободата на изразување.
Заплашувањето на новинари и контролата врз медиумите претставуваат големи закани за човековата безбедност и слобода. Токму, ЦИВИЛ преку проектот „Граѓански објектив“ им овозможува на граѓан(к)ите простор преку кој ќе зборуваат за проблемите со кои се соочуваат, за прекршување на нивните човекови права и за неправдите во општеството.
Ангела Петровска