Како резултат на посветеноста во спроведување на политиката за транспарентно и отчетно работење на официјалната страна на Владата може да се види Алатка за отчетност на носителите на јавни функции каде можат да се видат службените трошоци на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, замениците на претседателот, министрите, министрите без ресор, замениците-министри, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата.
Алатката нуди можност да се направи увид во трошоците на институциите, посебните трошоци на секој функционер, да избере за споредба една од категориите „Вкупно трошоци по месец“, „Вкупно трошоци по година“ и „Вкупно трошоци по тип на трошок“. Преку наративниот извештај може да се види, кога, како и зошто се направени трошоците.