Против претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, Димче Атанасовски, од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи, Делчево е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
На 23.01.2017 пријавениот, во својство на директор во основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, склучил договор за јавни набавки на услуга во износ од 350.000 денари со правно лице од Македонска Каменица, иако не ги исполнувало условите за добивање на две релации за превоз на ученици, каде било предвидено да има вработено возач за секоја релација посебно, со што овозможил правното лице да се стекне со имотна корист.
Ова е втора кривична пријава поднесена против истото лице, за кој исто така и претходно беше поднесена кривична пријава за ,,злоупотреба на службена положба и овластување,, поради постоење на основано сомнение дека како директор на основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, спротивно на Законот за јавни набавки, извршил набавка на разни стоки и услуги во вредност од 1.381.694 денари, без претходно спроведена тендерска постапка. Притоа тој во осум наврати, извршил делење на стоки и услуги во наведените набавки.
Симона М Живкова