Добредојдовте на ЗУМ.МК, веб страница која ќе ги „зумира“ човековите права и социјалната правда и која ќе се погрижи да придонесе во транспарентноста и одговорноста на политичките процеси. Одамна е согледана потребата од ваков медиумски проект кој ќе ги црпи, разменува и објавува информациите и ставовите за настаните во Источниот регион, но и пошироко на национално ниво.
ЗУМ.МК ќе биде место каде што интересите, потребите и барањата на граѓаните и граѓанките ќе бидат слушнати и артикулирани на начин кој тие го заслужуваат, а се игнорирани од мејнстрим медиумите. Овој медиумски проект во својата основа ги опфаќа искуствата од тоа што во светот се нарекува новинарство во заедниците и искуството на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Се што е важно во областа на човековите права, социјална правда, транспарентноста, одговорноста и други општествено политички теми и прашања е важно и за нас.
На оваа веб страница има место за сите што сакаат да пишуваат, да инфомираат и да бидат информирани. ЗУМ. МК. Ќе биде средишната точка на една нова неформална граѓанска и медиумска мрежа со седиште во Штип.
Симона М Живкова, одговорна уредничка