Премиерот Зоран Заев денес го прими во посета Претседателот на Европскиот парламент Давид-Мариа Сасоли, заедно со членовите на неговиот кабинет, на која посета беа присутни и членовите на делегацијата на Владата на Северна Македонија на која беа заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
По средбата Премиерот и Претседателот на Европскиот парламент Давид-Мариа Сасоли одржаа прес-конференција на која премиерот Зоран Заев истакна :
Оваа посета е одлична прилика да ја изразиме нашата благодарност до Европскиот Парламент, до сите европратеници кои гласаа за резолуцијата со која ги повикаа членките на ЕУ да започнат преговори со Македонија и до Албанија, откако таквата одлука не беше донесена на октомвриската сесија на Европскиот Совет и на Самитот на лидерите на земјите членки на ЕУ.
Речиси сите европски лидери се согласија дека на 18-ти Октомври на Северна Македонија ѝ беше нанесена неправда и дека неодобрувањето на преговори со ЕУ е историска грешка. Тоа испрати погрешен сигнал на сите нас во земјата и во регионот.
Северна Македонија активираше огромна политичка енергија за да ја врати земјата на патот на ЕУ. Решивме непремостливи предизвици кои на сите им се чинеа како невозможна мисија. Успеавме зашто имавме силна мотивација – Европската перспектива за нашата земја и за нашите граѓани.
Сите имавме оправдани очекувања дека конечно дојде моментот да се сврти нова страница. Сите верувавме дека ќе ги започнеме преговорите кои во себе имаат силна трансформативна моќ и кои низ процесот ќе помогнат да ги постигнеме европските стандарди за да станеме полноправна членка на ЕУ.
Наместо тоа, недавањето согласност да започнат преговорите по поглавја ги врати на агендата прашањата на евроскептиците и дилемите дали ЕУ навистина останува на своите политики за проширување и дали има алтернатива.
Не е лесно да се продолжи без структуриран и систематски притисок што ќе го донесеа пристапните преговори – НО, НИЕ ВЕЛИМЕ НЕМА АЛТЕРНАТИВА.
Мораме да продолжиме, дури и посилно со реформите, со докази дека во земјата владее правото, дека имама силни аргументи за напредокот во економијата. Тие реформи ни се најпотребни заради нас, дома.
Целата прес-конференција може да ја погледнете