Најмалку 254 лица загинале, а илјадници демонстранти се повредени во текот на антивладините протести во Ирак, што почнаа на 1 октомври, покажуваат податоците на мисијата на Обединетите нациии во оваа држава.
Во извештајот на ОН, под назив „Ирачки протести од 25 октомври до 4 ноември“ се наведува дека во вториот бран протести, што почнаа во Багдад, како и во централните и јужните делови на земјата, животот го загубиле најмалку 97 демонстранти, но и дека илјадници други се повредени, пренесе агенцијата Анадолија
Вториот бран протести почна на 25 октомври , а од ОН наведуваат дека во тој период е забележен значителен број прекршувања на човековите права во текот на интервенциите на протестите.
Најмалку 16 лица го загубиле животот на протестите од солзавец, што врз демонстрантите го фрлиле силите за безбедност.
„Не постои никакво оправдување за тоа што силите за безбедност користат солзавец против невооружени демонстранти“, се наведува во извештајот на шефицата на бирото на ОН за заштита на човеквоите права, Даниела Бел.
Високата стапка на невработеност, корупцијата и се потешката безбедносна и економска состојба во земјата се повод за антивладините протести во Ирак.
Извор: МИА