Би сакала да споделам со Вас некои мои мислења за приложената видео репортажа за која сметам дека е извонредна.
Детето воопшто нема забавен развој според приложената активност, можно е пред да го земат да имал многу нестимулиран развој и не било во можност да ги развие сопствените капацитети и можности. Ова прекрасно семејство му дало прекрасен дом, и тоа за некое време напредува силно. Тоа е приказна на многу семејства кои посвојуваат деца на 2-3 години а за кои се вели дека е со забавен развој. Познавам неколку семејства кои ја имале истата ситуација. Забавен да, но поради непостоење на доволна стимулација, грижа, допир и љубов во институциите во кои биле сместени децата.
Супер е што се појави можноста за згрижувачки семејства. Сепак, земете во предвид дека ова семејство било прво посвоително семејство, и она што јас го гледам на ова видео е однесување на посвоително не на згрижувачко семејство. Едноставно се осеќа, во приказната, во емоцијата, во воздухот.
Поради поголемиот ризик за уште поголема трауматизација и на детето и на семејството. системот доколку не обезбедува мерка во која згрижувачот може да стане родител, не треба воопшто да ја нуди таа можност на посвоителните семејства. Поради оваа комплексна ситуација, може да случи многу веројатно да се појави ризик за уште поголема трауматизација и на детето и на семејството. Во моменталната ситуација и со оваа регулатива, јасно треба да се разграничи кој е згрижувач кој е посвоител, за да не се зголемува толку емотивниот влог и багаж и страв од повторна разделбата и да се појави огромна празнина.
Ако системот го обезбеди тоа, треба да го понуди на сите посвоители, и да даде шанса од згрижувачи имаа можност да посвојат. Но додека тоа не се обезбеди не би требало да го дозволат на посвоителните семејства, туку на секое семејство кое сака да биде згрижувач. Едно време се прашував дали би можела да бидам згрижувач, сфатив дека неможам, дека тоа ми е огромен емотивен влог, баш поради тоа што сме посвоително семејство, имаме други размислувања и чувства во однос на процесот.
Оваа љубов што се креира за ова дете, оваа емоција е огромна, плишти на сите страни, а воедно и доста ранлива и кревка…Јас како посвоителка, несакам да помислам што би се случило да некој ден некој си го побара детето назад, затоа што посакал да биде родител. Можеби тоа нема да се случи, но стравот е секогаш присутен, колку и да е неоснован или реален.
Едноставно човек неможе да се ослони само на рационално сфаќање на ситуацијава, емоцијата која доаѓа од врзувањето, времето поминато заедно и грижата се огромно присутни и важни. Кога нив ќе ги снема, сите ќе зјапаме во амбисот!
Грижа за менталното здравје и на згрижувачките и на посвоителните семејства, баш поради нивната поинаква семејна динамика и осетливост.
Пишува: Радмила Живановиќ – психолог, психотерапевт и посвоителка
Коментар за Репортажа: со љубов против предрасудите направен од Радио Слободна Европа со прекрасни поенти од нејзин професионален но и емоционален аспект.
Би сакала да споделам со Вас некои мои мислења за приложената видео репортажа за која сметам дека е извонредна. Детето…
Gepostet von Radmila Zivanovic am Dienstag, 5. November 2019