Министерството за труд и социјална политика денеска во Струмица, а вчера во Битола одржала јавни дебати за предложениот текст на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.
Донесувањето на овој Закон треба да овозможи сеопфатен пристап, односно интегриран мултидисциплинарен одговор во справувањето со насилството врз жената и семејното насилство, почитувајќи ги човековите права во согласност со меѓународните стандарди. Со овој Закон се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при заштитата на жените од сите форми на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите. Законот ги опфаќа мерките за превенција од родово-базирано насилство врз жените и жртвите на семејно насилство, собирањето на податоци за родово-базираното насилство врз жените, вклучувајќи го и семејното насилство.
Со овој Закон се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при заштитата на жените од сите форми на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите. Законот ги опфаќа мерките за превенција од родово-базирано насилство врз жените и жртвите на семејно насилство, собирањето на податоци за родово-базираното насилство врз жените, вклучувајќи го и семејното насилство, известуваат од МТСП