Советот на Општина Кочани денес, заедно со градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев на прес-конференција упатија порака дека неконтролираното исцрпување на геотермалната вода од лежиштето во Кочани мора да прекине и ги повикаа сите надлежни институции итно да преземат мерки против овој проблем.
На средбата на која се разговарало за проблемот присутен бил и заменик министерот за животна средина Јани Макардули кој најавил вонреден инспекциски надзор за детектирање на проблемот и одлуки за негово брзо решавање.
За поздравување е тоа што овој пат, на прес-конференцијата против овој проблем сплотено застанаа советниците и од опозицијата и градоначалникот со еднаков став за овој проблем.