По реакциите во јавноста за новите предлог измени на Законот за јавни собири кои Владата ги предложи до Собранието на Република Северна Македонија, таа експресно ги повлече овие предлози.
„Владата на Република Северна Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог-измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација.
Владата смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот на РСМ“, стои во соопштението на Владата.
Инаку, новите предлог измени го ограничуваат правото на протест и се косат со Уставот на Република Северна Македонија.
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА