Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорот на Здравствен Дом Скопје Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре (петок, 22.11.2019 година).
Од владата информираат дека за оваа сезона се набавени вкупно 28.000 вакцини, кои се бесплатни и наменети се за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници.
Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак, бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14:00 до 18:00 часот. Термин за вакцинација се закажува преку матичниот лекар, а сите граѓани кои не спаѓаат во групата на граѓани кои имаат право на бесплатна вакцинација, вакцината може да се добие во најблискиот Центар за јавно здравје за одреден финансиски надомест, без предходно закажување.