Во склоп на конференцијата “200 жени претприемачки” денес во “Рагуза360” во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во првиот македонски избор на “Жена на годината.
Во рамките на овој избор наградата за ,,жена на годината,, ја доби министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Покрај оваа награда, се доделени и други во вид на признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати меѓу кои :
- Категоријата “Жена со трајни вредности” – Ангелка Пеева Лаурениќ, Имиџ ПР и Движење за поддршка на креативноста “Браво Сине”;
- Категорија “Жена менаџер на годината” – Викторија Механџиска, Зегин;
- Категорија “Млада жена менаџер на годината” – Сања Лукаревска, УЈП;
- Категорија “Странец жена менаџер на годината” – Рејчел Галовеј, Амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија;
- Категорија “Жена со најголеми достигнувања во културата” – Тамара Котевска, режисерка на филмот Медена Земја;
- Категорија “Жена со најголеми достигнувања во спортот” – Сара Ристовска, ракомет ;
- Категорија “Жена со најголеми достигнувања за општеството” – Кристина Арнаудова, Проект Среќа;
- Категорија “Жена со најдобар стил “ – Даниела Колиќ Димовска, LISCA
- Категорија “Инфлуенсерка на годината” – Лила Филиповска, ТВ Сител.
Посебна награда од организаторите, за регионален бизнис-нетворкинг проект, е доделена и за Кристина Ерцеговиќ од Хрватска.
Организатори на “Жена на годината” се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Поддржувач на изборот беше Сојузот на Стопански Комори на Македонија, а главен покровител на конференцијата беше Пивара Скопје.