Во мај ја поднесовме инцијативата која ја насловивме како ,,Крај на расипништвото“ и таа не се однесува на намалување на привлегиите, туку преку неа се бара укинување на привилегиите на функционерите, било да се назначени или избрани. Тие привлегии нам ни одземаат милиони евра секоја година, а тоа се парите на граѓаните и граѓанките на РСМ. Навистина е скандалозно тоа што освен една или две пратенички проговорија на оваа тема и освен тоа што ја поддржа претседателот на државата уште во време кога беше кандидат за претседател, навистина сериозна активност во парламентот не се случи на тема укинување на привлегиите. Некои владини мерки одат во таа насока, но ние сметаме дека тие се далеку од доволни. Укинување не подразбира намалување, укинување не подразбира заменување. Подразбира нула, нула привилегии за функционерите. Ако во Шведска привилегијата на еден парламентарец е да добие карта за јавен превоз, тоа не значи дека и ние не можеме да го следиме тој пример.
Изјави Џабир Дерала како одговор на новинарско прашање, на денешната прес-конференција на ЦИВИЛ за настаните по повод годишнината од основањето на организацијата.