Со цел да се вклучат граѓаните во решавање на приоритетните проблеми во општина Штип, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и општина Штип, одржуваат граѓански форум за Буџетот на општината и програмите на Јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион 2011“, за 2020 година, кој започна денес со почеток во 18:00 часот во Хотел Оаза за урбаните заедници регалница, Тошо Арсов, Славчо Стојменски, Васил Доганџиски, Ново Село, Автокоманда, Сењак, Баби, 8 ноември и Дузлак.
Додека за урбаните заедници: Пребег, Три Чешми, Стар Караорман, Чардаклија, Света Недела, Македонка, Балканска, Железничка, Драгоево, Врсаково, Лесковица, Селце, Љуботен, Шашаварлија, Долани и Лакавица ќе се одржи на 29.11.2019 (петок)
На Форумот градоначалкот Благој Бочварски ќе го презентира буџетот на Општина Штип за 2020 година и претставници на Јавните претпријатија ќе ги презентираат своите планови за 2020 година, по што граѓаните ќе имаат можност да дадат свои препораки. Преку структурирана дискусија самите граѓани ќе одлучат кои проблеми се најприоритетни за решавање во 2020 година и истите ќе бидат дадени на разгледување на јавните претпријатија и општината за можноста за нивно вклучување во нивните годишни програми.