Активистката за правата на лицата со посебни можности, Сандра Пешевска Мицковска, на панелот на ЦИВИЛ насловен „Рампа“ по повод 3 декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, истакна дека често наидува на пречки почнувајќи од несоодветните пешачки патеки и тротоари, во образованието, во здравствените институции, особено на шалтер каде што има мало прозорче кое и претставува проблем, бидејќи има слаб вид и слух.
„Има рампи што премостуваат бариери, има рампи по кои тешко се искачуваме… Терминот лице со посебни потреби многу ми пречи, бидејќи јас сум граѓанин на овој град и оваа држава и сум иста како сите останати, можеби имам специфични потреби. Ние постоиме и отприлика 20 посто од населението имаат специфични потреби. Ќе бидеме лица со посебни потреби се додека општеството има пречки, кога општесвото ќе нема пречки ќе не нема нас како лица со попречености туку нормално ќе функционираме, живееме и движиме како сите“, истакна таа.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека живееме во општество каде што вредностите се изместени, и живееме во дехуманизирано општество во кое за жал фокусот е изместен од индивидуата и од човекот, ние тоа сега се обидуваме да го вратиме.
„Како прв човек на градот носам одговорност, но за жал таа одроворност е само номинална, затоа што во рашомонијада или во исппреплетеноста на ингеренциите не можете да го лоцирате или да го персонализирате проблемот во една институција“, рече Шилегов.
Шилегов додаде дека Градот изминатиов период бил многу активен во полето на социјалната заштита.
„Во рамките на редовните активности продолживме и ја унапредивме долгогодишната поддршка на Дневните центри кои работат со различна категорија на лица со попреченост како што се „Во мојот свет“, „Креатива Исток“, „Порака“ и уште неколку други. Продолживме и со бесплатниот јавен градски превоз и паркинг услуги за лица со попречености, како и со финансиската поддршка на патувања низ земјата за здруженија на лица со попречености“, рече Шилегов.
Градот Скопје, како што посочи тој, за првпат ангажирал образовни асистенти за средношколците со посебни образовни потреби, како и обезбедил стипендии за средношколците со попречености. Речиси во сите средни училишта каде што имало можност обележале паркинг за лицата со попреченост. На лицата со аутистичен спектар на однесување им овозможиле бесплатно користење на јавниот градски превоз.
„Градот Скопје се приклучи на активностите на Министерството за труд и социјална политика во процесот на деинституционализација. Во таа насока го поддржува малиот групен дом во Скопје во кој се сместени лица од Заводот во Демир Капија. Преку Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори обезбедува 24-часовна грижа од негуватели за лицата сместени во домот. Обезбеди и помош и нега во домашни услови за лица со најтежок облик на интелектуална попреченост и комбинирани пречки од стручен тим составен од лекар специјалист по семејна медицина, медицинска сестра, физиотерапевт, социјален работник, психолог, дефектолог и негуватели“, рече Шилегов.
Тој додаде дека во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје оваа година ангажирале 12 помагатели да работат со 25 корисници од Скопје давајќи им ја негата и грижата која им е потребна. Финансиски го поддржале отворањето на Дневниот центар за Даунов синдром и обезбедиле персонални асистенти кои работат со корисниците во домот.
„Во завршна фаза од изработка е и инклузивно игралиште во Бутел, кое треба да биде завршено овие денови, а паралелно се работи на инклузивно игралиште и во Карпош. Во завршна фаза на административните процедури е и проектот за отворање сензорна соба во градинката „11 Октомври“ во Радишани“, рече Шилегов.
Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на панелот под наслов „Рампа“, посветен на (не)прифатеноста на лицата со посебни потреби во општеството што се одржа во Скопје, истакна дека правата на лицата со посебни можности треба да е секој ден, а не само еден ден во годината. Тој апелираше до политичките партии да одвојат дел од своите агенди и да поразговараат за тоа лицата со попречености да станат дел од нивните кандидатски листи.
„Лицата со попречености да бидат дел од структурите за донесување на одлуките, да бидат директори, раководител(к)и, пратенички и пратеници, членови на Влада, членови на парламент. Да се крене рампата и да им се дадат еднакви можности во ова општество кое долго време гледаме дека се залага за изградба на едно општество за сите“, побара Дерала.
Благица Димитровска од Инклузива, вели дека е тешко да им се објасни на луѓето за пречките со кои се соочуваат, бидејќи не ги гледаат ниту забележуваат. Во изминатите неколку изборни циклуси, ги набљудуваа изборите, при што забележале дека во поголемиот дел од избирачките места нема пристап за лицата со попреченост да одат до гласачката кутија.
Попреченоста не е кај луѓето, не е кај лицата со попреченост, туку попреченоста е во околината… Рампите нема да им служат само на тие што галсаат, бидејќи тие рампи ќе ги користат и учениците што имаат потреба, оти во најголем дел се гласа во училиштата. Треба да има убави тротоари, бидејќи нема да ги користат само лицата со количка туку и некоја мајка што ќе го вози бебето во количка, итн.“, истакна Димитровска
Димитровска ги охрабрува сите лица да бидат гласни и да се борат за своите права, односно да бидат еднакви со останатите.
Вангел Тркаљанов од Министерството за труд и социјална политика нагласи дека пристапна рампа во еден објект не значи пристапност, бидејќи можеби некоја институција да има рампа на влезот, меѓутоа пристапност треба да има и внатре во објектот. Тој се осврна на еден настан по повод 3 Декември, каде што на некој начин бил навреден, бидејќи според него организаторите не се консултираа со некое лице со посебни потреби, како да се организира настанот.
„Попреченоста е состојба, не е перцепција, јас не ја кријам мојата попреченост. Бев на еден настан кој се одржуваше по повод правата на лицата со попреченост, меѓутоа коктелот беше организиран во подземјето на барот каде што немаше пристап за мене и јас не можев да одам на коктелот. Поканата беше повеќе навредлива отколку добродојдена“, истакна тој.
„Јас имам една своја перцепија на оваа тема. Често се вели дека народите што живеат на подрачје дека важиме за добри, приемчиви и гостољубиви народи. Јас не би се согласил. Ние сме добри народи само додега сме во состојба на никој ништо нешто да не му фали. Во ситуација кога нешто ќе се такво ќе се случи, ние сме затворен народ. Мислам дека и го покачуваме говорот на омраза, ароганцијата и стануваме многу дискриминтаорски наорд. Тоа е она што треба да го промени нашата држава и кое што ние треба да обрнеме внимание. Целиот процес на деинституционализација е и пормена на свеста на луѓето… Во послендо време слушам дека процесот на деиституционализација е избрзан, но јас не се согласувам. Доколку луѓето не излезат надвор и не почнат да живеат и да бидат дел од заедниците ние никогаш нема да бидеме подготвени тоа и да се случува. Самиот овој процес нè научи нас како администрација дека секое лице има своја индивидуална потреба и дека не оже да правите колетивни сервиси што ќе одговараат на барањата на цела една зедница“, беа дел од поентите на Душан Томшиќ, посебен советник за социјална заштита во Министерството за труд и социјална политика.
На крајот на панелот директорот на Фестивалот на слободата 2019, по повод одбележувањето на 20 годишнината на ЦИВИЛ, ги најави следните активности, особено на 10 декември – Ден на човековите права, кога ЦИВИЛ ќе има богата мултимедијална програма, на истата локација, Музеј на Град Скопје.
Дехран Муратов
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА