По повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Зоран Мијалков од Здружението „Сплотени срца“, кој е и родител на две дечиња со аутизам, со видео се обрати на јавноста во која ги повикува политичарите и функционерите да бидат гости во неговиот дом и во домот на други граѓани кои се грижат за лица со попреченост, со цел за да видат што значи да си родител на деца со аутизам, да видат со што тие како родители се соочуваат секојдневно и што на децата и лицата со попреченост навистина им е потребно.
Како што можевте едногласно да изгласате закони кои ви одговараат на вас, бидете доблесни и изгласајте закони во корист на нашите деца.
Изјави Зоран во своето излагање.
Неодамна Мијалков во разговор за ЦИВИЛ Медиа, зборуваше за секојдневните предизвици на здружението, идеите и замислите за подобрување на состојбата на лицата со попреченост, од една страна, и институционалните пречки за нивно спроведување, од друга страна, како и за предизвиците своето дете да го запише во училиште.