Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост започнаа кампања за учество на лицата со попреченост во политичкиот и јавниот живот.
Политичкото право е загарантирано право во демократските земји, без оглед дали станува збор за граѓани без попреченост или за граѓани со попреченост.
Демократскиот систем во секоја држава, предвидува заложби и мерки, со кои се овозможуваат услови за сите граѓани и покрај меѓусебните разлики, да имаат можности за еднакво вклучување во политичкиот живот. На 05 декември 2011 година, нашата држава ја ратификуваше Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, вклучувајќи го и член 29, кој се однесува на учество во политичкиот и јавниот живот. Од тогаш, државата презеде обврска да ги спроведува одредбите од Конвенцијата, но во досегашните состави на македонското повеќепартиско Собрание, почнувајќи од 1990 година и завршувајќи со актуелниот собраниски состав, нема ниту еден пратеник со попреченост.
Дали Знаете дека 15% од населението живее со некој вид на попреченост?
Знаете ли колкав е тој број на потенцијални гласачи?
Вклучете ги лицата со попреченост како членови на партија и на кандидатските листи.
Лицата со попреченост имаат Право да учествуваат во политичкиот и јавниот живот на еднаква основа како сите други граѓани“, велат од Инклузива.
Во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 прил 2019, оваа кампања има уште поголемо значење во борбата за остварување на гласачките права на лицата со попреченост, на што Инклузива интезивно работи веќе со години.
Видео прилозите направени како дел од кампањата се проследени со знаковен јазик и преведени на албански и англиски јазик.
Б. Ј.