Градоначалникот и претседателот на Советот денес оствариле средба со Мултисекторскиот тим на заедницата за ефикасна заштита на жените и девојките од секаков вид на насилство од Штип и Струмица.
Едукативно хуманитарната организација Ехо и Организацијата на жени од Струмица , пред десет години формираа Локални координативни тела за борба против семејно насилство во општините Штип и Струмица.
Денес состанокот бил реализиран за презентација на сработеното, презентација на активностите кој што се превземаат за интегративен пристап на пакетот на неопходни услуги за жени и девојки жртви на семејно насилство.
Овој тим може да се каже дека е прв на Балканот.Со неговото функционирање може да се констатира дека многу од постапките кои претходно биле развлечени, денес се решаваат многу брзо.Ова е позитивна пракса која во иднина на предлог на ЕХО ќе биде запечатена со Меморандум на соработка помеѓу Општината и организацијата. истакнаа од Кабинетот на градоначалникот на Општина Штип.
Го поздравувам ваквиот ентузијазам и можам да кажам дека сум горд што во општината функционира еден ваков тим од експерти во своите области.Во иднина ќе го потпишеме и Меморандумот на соработка со кој ќе покажеме вистински пример кој треба да го следат и останатите општини. истакна градоначалникот Бочварски.