Според новиот закон за инспекциски надор, редовниот инспекциски надзор, инспекторот е должен да го најави со доставување на писмено известување до субјектот на инспекциски надзор и за времето и за обемот на инспекцискиот надзор. Инспекторот е должен да го извести работодавачот за тоа дека ќе врши инспекциски надзор, најдоцна три работни дена пред отпочнување на надзорот. Законот предвидува дека по исклучок , редовниот инспекциски надзор нема да се најави кога постојат причини за неодложно постапување или оправдана загриженост дека најавата ќе го спречи или намали остварувањето на целта на инспекцискиот надзор или кога за тоа постои јавен интерес за отстранување на опасност по животот и здравјето на луѓето и животната средина.
Вонредниот инспекциски надзор се врши по службена должност или врз основа на
иницијатива поднесена од физички или правни лица, органи на државната или локалната
власт, како и по налог на Советот или писмена наредба на министерот, директорот или
раководното лице на органот, односно градоначалникот во чиј состав се наоѓа
инспекциската служба.
За разлика од редовниот, вонредниот инспекциски надзор по правило е ненајавен инспекциски надзор и
истиот се спроведува веднаш, а најдоцна во рок од десет работни дена од приемот на
иницијативата или налогот или писмената наредба, во писарницата на инспекциската служба или на службената електронска адреса на инспекциската служба, доколку таква постои.
Исто така, тоа што е ново и што го предвидува новиот закон кој се применува од декември се листите за проверка кои се задолжителни при редовен инспекциски надзор. Листа за проверка е документ кој содржи прашања за проверки други дејствија за кои е овластена инспекциската служба, утврдени според тежината на можните штетни последици во одредена област во согласност со предметот и обемот на контролата односно проверката. Инспекциската служба донесува листи за проверка за соодветните области на надлежност, кои се објавуваат на веб страницата на инспекциската служба.
Новиот закон предвидува дека од сега инспекторите ќе изрекуваат опомена во случај на нерегуларности кај субјектот на работодавачот со определен рок за отстранување на истите, а дури потоа можат да изречат друга инспекциска мерка, како задолжување,наредба, забрана и друга мерка, доколку е утврдена со посебен закон, со која најсоодветно ќе се постигне целта на инспекцискиот надзор.