Томислав Кежаровски, како жртва на режимот, на панел дискусијата „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ во организација на ЦИВИЛ, изјави дека тие, жртвите, се тука да не се заборави, да ги чуваат сеќавањата… и да му се спротивстават на тоталитарниот режим.
Сега чувствувам како да сакаат ние да исчезнеме. Сепак ние сме тука да ги чуваме тие сеќавања и да му се спротивставиме на тоталитарниот режим… Зборот режим стана забранет збор, никој не го спомнува повеќе… После една минута помината во затвор, веќе не си истиот човек.
Без оглед на се, колку и да имам притисиоци јас ќе се борам до крај. Во моето CV нема никогаш да пишува – Се предавам!“, изјави Кежаровски.
Кежаровски ја најави и својата втора книга, продолжение на „Живот во кутија“.
Д. Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Трпе Стојкоски и Б. Јордановска