Лидија Лазова, случај „Калдрма“ на 2 декември 2011 година, беше приведена со 86 вработени на кои веднаш им беше одреден притвор. На денешната панел дискусија „Жртви на режимот -сведоштва и слики“, во органзиација на ЦИВИЛ, низ солзи ја раскажа својата голгота ов битолскиот затвор и во Идризово.
Во Битола бевме испратени 20 колеги, а во една од двете самници бев сместена јас. Самицата беше мала и имаше само простор за железен кревет и ВЦ, внатре беше влажно и студено, имаше и една сијалица колку една свеќа да свети. Барав од командирите повеќе светло да можам барем да читам. По еднаш неделно се бањавме, само по 2-3 круга ќе свртевме во дворчето и веднаш не враќаа назад.
Ги слушав и машките колеги како плачат и липаат во ќелиите. Морав да издржам, сама си реков дека ќе излезам надвор, на слобода.
Храна не ни дозволуваа да носиме од дома, јадевме од затворската храна, често повраќав. Неколку пати се онесвестував, но никој не реагираше, имаше само еден доктор и толку. Докторот само ти ја даваше терапијата, а единсвена корист од тие прегледи беше што можев да спијам.
Имаше еден командир што им наредуваше на полициските службеници да ми донесе шише топла вода да ми се стоплат рацете. Во мраз издржав 93 дена. Им бев поттик на колегите да издржат.
При туширање паднав се онесвестив, па ме однесоа во болница, не можеа да ми дадат инфузија бидејќи дехидрирав. По операцијата со мене имаше 4 командири. При операцијата ми ставија 4 штрафови, кои ден денес ги носам. Моите не ги пуштија ниту на посета. По операцијата ме пуштија во домашен притвор, но не можев да се движам.
Судот не ми дозволи да одам на банско лекување, судијата се смееше и ми рече „Сакате да одите на бања, да не сакате и спа ценатар да ви дадеме!“
На судењето сите 86 лица бевме осудени за злоупотреба на службена должност и злосторничко здружување.
Потоа бев префрлена во затворот „Идризово“, и наместо во отворениот дел, тие не префрлија со една колешка во затворенипот дел, да ја отслужам казната.
Во затворот имаше само еден телефон, и во рок од 2 саата требаше околу 80 жени да го користиме телефонот да се јавиме дома.
Откако заврши казната, сите се осеќавме како да сме заробени иако сме на слобода. Многу бракови се растурија, дури и јас останав сама. Не можам сега да работам поради повредата во колкот.
Видовме дека Владата презема некакви мерки за сите, освен за нас кои бевме жртви на режимот. За нас нема ништо направено и ние уште чекаме на правда и правдина, раскажа Лазова.
Во случајот „Калдрма“ обвинетите заработија затворски казни од 8 месеци до 6 години и сите 86 беа прогласени за виновни.
Д. Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Трпе Стојкоски и Б. Јордановска