Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе и објави решение со кое се дава Согласност на барањето за спроведување на проектот – Насипна брана со придружни објекти “Отиња“ во општина Штип.
Според МЗШВ студијата за оцена на влијанијата врз животната средина на проектот – Насипна брана со придружни објекти “Отиња“ во општина Штип ги задоволува барањата за заштита на животната средина со примена на мерките за спречување и за намалување на штетните влијанија врз животната средина.
Станува збор за насипна брана со водонепропусен канал од глина. Новоформираната акумулација ќе обезбеди водоснабдување со технолошка вода, дополнување на водоводниот систем за водоснабдување на населението со свежа вода, обезбедување на гарантиран биолошки минимум и рекреација на населението.