Првенствено оваа Влада ја извлече државата од граѓанска војна која што можеше да ни се случи на 27ми април. Никогаш граѓаните не треба да заборават што се правеше оваа криминална банда и структура во државата, која што е врзана со сите овие структури вклучително и со самото судство за да спречи и мирен трансфер на власта,но и да се потсетиме на проблемите, на сето она што го имавме во претходните 11 години. Ние денеска немаме меѓуетнички тензии, немаме тепачки по автобуси, ние денес немаме проблеми од типот каков што имавме во претходните 11 години, ја донесовме слободата да секој може слободно да говори, да критикува, да предлага. Ја донесовме демократијата за која што сите се боревме. Државата од изолирана стана светол пример, храбро влеговме во носење на историски одлуки коишто ги попречуваа сите генерации, Изјави Заев на интервјуто за МТВ
Во однос на судството Заев истакна : Законската основа е создадена, Заев никогаш не сакал ниту треба било кој да крева телефони на судиите да врши влијание, да кажува како треба, што треба да прават со процесите, дали побрзо, побавно како да судат и слично , скраја да е, никој не треба тоа да го прави во државата. Одговорноста на судиите е сериозна работа, заради тоа што прво земаат плата од граѓаните,сите нас не плаќа нашиот народ. Втората работа, зависи делокругот на атмосферата на севкупниот живот на државата дали ќе има повеќе инвестиции, дали млади ќе остануваат овде, дали ако некој се чувствува дека е правичен има надеж дека ќе дочека правда во оваа држава, токму заради тоа тргнуваме во еден процес на прочистување и проверка, преку имотот, преку судирот на интереси..“