пишува: САШО ОРДАНОСКИ
Прво мислев да пишувам подолг текст со анализа за тоа што се случуваше оваа, а што ќе се случува идната година… После, си реков, кого го интересира на 31 декември да чита длабокоумни анализи за изминатата и идната година?!
Јас сигурно такво нешто не би читал! Како да немам попаметна работа! Ако толку ви се чита, земете некоја одамна одложена книга, може и некоја од тие што само ви се меткаат една врз друга по наткасните…
А и со што ќе се занимаваме од после зимскиов одмор, таму, негде, на 13 јануари, кога повторно ќе се вратиме на „дробење“ за старите општествено-политички актери, во нова, уште една предизборна кампања? Мислите ќе биде здодевно? Нема – тие пак ќе се борат „на живот и смрт“ за тоа кој ќе ја освои власта, а ние повторно ќе се кандисуваме да го избереме помалото зло. И нема да биде сеедно.
Затоа, чувајте здравје идната година, гледајте помалку да се нервирате, направете некоја пара повеќе од оваа, сакајте ги блиските со уште поголема жар и бидете пољубезни со оние знајни и незнајни со кои ќе ви се вкрстат животните патишта! Љубезноста е бесплатна, а многу вреди.
И, запомнете, руската салата може да се скисели ако не ја дојадете во наредните два-три дена… Има време за диета! И онака целата мината година ја одлагаме.
Среќна Нова 2020!
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.