Во штипската Клиничка болница на 1 јануари во 08 часот се роди Матеј, првото машко дете во оваа година.
Градоначалникот Благој Бочварски во име на Општина Штип упати честитки за мајката Ана и за сите вработени во болницата, кои на новогодишната ноќ беа на работните места и се грижеа за здравјето на граѓаните.
Во име на Општината на мајката и е подарен скромен подарок и штедна книшка со 10 илјади денари.