Проф. Мирјана Најчевска, како реакција на барањата што деновиве ги упатува Тања Каракамишева во порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, напиша кратка, но многу јасна порака на својот Фејсбук профил.
11 години не и пречеше ништо што правеше владејачката ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ.
Не бараше поништување на ниту една неуставна процедура, ниту еден закон, ниту една постапка спротивна на концептот за човековите права. Не и пречеше убиството на Мартин, ни смртта на Тамара, ниту пак незаконските судења, ни поткупените јавни обвинители и судии.
11 години не виде како се заробува државата во канџите на мафијата.
11 години ги користеше сите бенефиции на корумпираната власт.
11 години не понуди решение за излез од стапицата во која се најдовме.
И сега одеднаш се возбуди и сака да го поништи едно од, не така многуте, позитивни нешта кои ги направи актуелната власт.
Каракамишева бара да се поништат Преспанскиот и Охридскиот договор, како и сите акти што ги потпишал Талат Џафери (социјална помош, повисоки плати итн.).