Дом на Млади Штип 2020 година ја започнува со уште еден настан во рамките на Сигнал фестивалот.
Фестивалот ќе се одржи на 18.01.2020 година со почеток во 21:00 часот.
Гости на овој фестивал се Desynchronized ,Lesya и Layka – Coldwave Records / Cosmo Seed Records.
Билетите за фестивалот се во износ од 100 денари.
По Сигнал Фестивалот следи уште еден музички настан, на 22.01.2020 година во Дом на Млади настапуваат Backdoor Band и Hotline. Влезот е слободен.
,,Сигнал,, настаните се одржуваат во насока на поддршка на младите артисти од областа на електронската алтернативна музика, додека ,,рокот не е мртов,, се музички настани кои ги организираме со цел за поддршка на рок бендовите и рок музиката. Се надеваме дека на овој начин би можеле да понудиме различна програма за различните вкусови на младите во Штип и пошироко, а воедно и да ги промовираме нашите музичари и артисти,, Изјави за Зум.мк Горан Трајков, директор на Дом на Млади, Штип.