Во текот на вчерашниот ден на официјалната фб страна на Централен регистар на Република Северна Македонија во вечерните статуси беше објавен фб статус со навредувачка содржина за директорката и со пораката дека ова е во чест на братот од ВМРО, а се мисли на лицето Емил Јакимовски кој веднаш по објавувањето на оваа порака се заблагодари на Трампов Велес на својот фб профил.
Пораките и објавите од хакираната страна Централниот регистар продолжија и денес.
Освен објавите, лицата кои го хакирале профилот веќе ги поминуваат границите со навредливи и груби сексистички коментари кон активистката Ивана Талеска.
По повод содржините на фб страна на Централниот регистар, Бошковска Јанковски на својот фб профил извести дека фан страната на социјалната мрежа Фејсбук на Централен регистар на Република Северна Македонија е хакирана и дека содржините на истата не се став на Централен регистар на Република Северна Македонија. Воедно истакна дека страницата е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност.
Почитувани,Сакаме да Ве информираме дека фан страната на социјалната мрежа Фејсбук на Централен регистар на Република…
Gepostet von Marija Boskovska Jankovski am Sonntag, 12. Januar 2020
Се прашуваме, дали сериозно треба да почнеме да се плашиме од вандализамот и самоволието кое се презентира отворено деновите од активистите и членови на ВМРО, а со оглед на фактот дека МВР како институција која сега треба да реагира и да спречи вандализам и сеење страв и говор на омраза е заробена од страна на лице кое доаѓа од истата политичка партија и го прави нефункцонално едно од најзначајните министерства задолжено за чување на јавниот ред и мир во услови на политичка криза.