Општина Берово ќе врши обезбедување на остварување на социјалната заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на општина Берово за 2020 година , во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.
Cубвенцијата се состои од покривање на трошоците за потрошени максимум 10м3 вода за пиење за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата, во период од 12 месеци од остварување на правото.
По основ на Јавен повик кој е објавен од страна на Општина Берово ќе бидат субвенционирани 50 лица. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Право на учество имаат жителите на општина Берово, кои ги исполнуваат условите наведени во јавниот повик.
Јавниот повик може да се најде на официјалната страна на Општина Берово.