Општина Штип, во својство на организатор на„Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“ – Штип, распиша Јавен конкурс за избор на директор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ Штип за позицијата уметнички директор.
Покрај општите услови утврдени со Закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:
1. Да има соодветно високо образование – факултет/академија за музичка уметност- (ВИИ/1, степен или 180 ЕКТС);
2. Да има над пет (5) години работно искуство во дејноста за која конкурира;
3. Да има менаџерски способности;
Кандидатот за избор на директор на Фестивалот задолжително треба да достави: своја детална Програма за работа и свои видувања за развој на Фестивалот во делот на неговата продукција, како стратегија за наредниот двегодишен период (2020-2021), како и следните документи (оригинал или заверен препис кај нотар):
пријава со кратка биографија; – мотивациско писмо; – доказ за завршено високо образование; – доказ за работно искуство; – уверение за забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);
Конкурсот трае 10 дена, сметано од денот на објавувањето.
Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Општина Штип преку пошта на адреса: ул.„Васил Главинов” бр. 4 В – 2000 Штип, или директно во Архивата на Општина Штип, (со назнака за Макфест) најдоцна до 15:30 часот, последниот ден од конкурсот.
Материјалите доставени на конкурсот не се враќаат.
Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.