„Функционирањето на институциите во време на предизборие и техничка влада е во интерес на сите граѓани, а интересот на сите граѓани бил и ке биде наш врвен приоритет. Токму од тие причини, нема да дозволиме граѓаните да бидат жртви на меѓупартиски препукувања во овој предизборен период. МТСП доби нова техничка министерка и дополнителна заменик министерка и сакаме да ги увериме сите граѓани дека ова на никој начин нема да се одрази врз сите реформски процеси кои се веќе почнати во МТСП.
Сите права кои се од областа на социјалната,детската заштита, социјалната сигурност на стари лица ке бидат и ке продолжат и понатаму да си се исплаќаат редовно согласно веќе воспоставената динамика на министерството.
Социјалната реформа што ја спроведе од пред две ипол години тимот на ова министерство е фактички една од најуспешните политики на оваа влада и бројките сами за себе зборуваат. Тоа значи дека над 27 илјади семејства во просек земаат за 300% поголем износ на социјална помош, тоа значи дека над 27илјади деца примаат детски додаток, тоа значи дека над 8500 деца примаат образовен додаток, а право на социјална пензија имаат остварено 4171 возрасно лице. Овие права нема да дозволиме никој да им ги ускрати на граѓаните ниту ќе дозволиме да бидат ставени под некаков притисок во насока на остварување на било каков интерес.
Почитувани оваа влада се грижи и секогаш на прво место ги става граѓаните особено најранливите и токму затоа од ова место ја повикувам техничката министерка на конструктивност и соработка до 12ти април, да работиме заедно во интерес на граѓаните и да не дозволиме се она што е започнато и значи позитивен реформски процес да застане“, истакна на денешната прес конфекеренција заменик министерката за труд и социјална реформа Санела Шкријељ.
[Во живо] Прес-конференција на дополнителната заменичка од Минитерството за труд и социјална политика, Санела Шкријељ
Gepostet von Влада на Република Северна Македонија am Donnerstag, 16. Januar 2020