Очекувањата се секогаш многу поголеми од можностите кои ги имаат институциите и граѓан(к)ите во нашето општество. Оној момент кој мене ме загрижува е тоа колку беа почитувани човековите права во нашата држава и колку на луѓето им беше овозможуван тој достоинствен живот. Во однос на 2019 година навистина се соочивме со институции кои уште не се во функција на граѓан(к)ите, комисии кои се од клучна важност за човековото достоинство и права кои уште не се формирани, како Комисијата за заштита и спречување од дискриминација“, вели Мерсиха Смаиловиќ во разговор со ЦИВИЛ Медиа.
Како еден од несреќните настани во изминатата 2019 година, Смаиловиќ го издвои протестот во Визбегово на група граѓан(к)и против групниот дом „Ранка Милановиќ“, каде тие прават дискриминација и поделба на децата, употребувајќи ги зборовите „наши деца и тие деца“.
„Со самиот тој момент кога ќе кажеме ние и вие, тие и нас, ние го газиме нивното достоинство, сметајќи дека нашите деца заслужуваат дом и убава средина, но не и сите други деца“, додава Смаиловиќ.
За перспективите за 2020 година, Смаиловиќ смета дека е потребна деинституционализација, да се тргнат децата во една поздрава средина, да се врати нивното достоинство, да се внимава на говорот кој се користи и дека конечно феноменот на говор на омраза ќе биде казнуван.
Според неа, личност за 2019 година е Александар Матовски – Цако, лице со Даунов синдром, кој дипмилираше на Педагошки факултет во Скопје.
Биљана Јордановска
обработка на текст: Ангела Петровска
камера: Ариан Мехмети
монтажа: Владимир Перчуклиевски
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА