Од страна на порталот ,,Курир,, повторно беше објавена лажна вест дека Симон Трпчевски морал да го прекине новогодишниот концерт кој што се одржа во рамки на Домот на културата „Ацо Шопов“ поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење.
Фактите зборуваат дека концертот поминал во најдобар ред и во никој случај немало никаков прекин на настанот, напротив овој традиционален концерт преполната сала го оценува како еден од најубавите и најуспешните концерти организиран од страна на ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов,, Штип.
Во однос на лажните вести и невистини изнесени од страна на овој портал директорот на ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов,, за ЗУМ.МК изјави:
Не е точно и нормално дека станува збор за лажна вест дека Симон Трпчески го прекинал концертот, сведок за тоа е преполната сала публика која беше фасцинирана од досега најдобриот новогодишен концерт на учениците и наставниците на ДМУЦ ,,Сегеј Михајлов,, Штип. Јасна е целта на оние кои ја шират оваа лажна вест, меѓутоа ние како уметници остануваме да работиме професионално во интерес на учениците и самото училиште. Несовесно е на трудот на учениците и за еден таков прекрасен настан да се измислуваат невистини и сето тоа да се користи за било какви нечесни цели.
Во однос на обвинувањата за лошите услови во Домот на културата стапивме во контакт и со Катерина Мишева, директорка на НУЦК „Ацо Шопов„ -Штип која исто така ја демантираше лажната вест на ,,Курир,, со објаснување дека воопшто немало никаков прекин на концертот и се поминало во најдобар ред, а во однос на условите во оваа институција изјави:
Состојбите во Центарот за култура “Ацо Шопов” во Штип се такви какви што се со години.Оваа институција е под надлежност на Министерство за култура, а во изминатите 12-13 години ова министерство вложуваше милијарди евра во проектот Скопје 2014, додека сите останати институции од областа на културата, особено оние во внатрешноста, беа оставени на времето и заборавот.Додека гледавме како милијарди евра се насочуваат кон стиропор, лажен барок и прескапи жални врби, во нашиот Центар за култура ништо не се вложуваше.Вистината е дека изминатиов период сериозно се занимаваме со санација на затекнатата состојба и наследените проблеми. Но, со години напластените и нерешени проблеми не можат да се решат за миг.