“Цветане, твојот денешен упад во подрачната единица на МЗШВ, ме потсетува на едно друго време на режим, кога твојот патрон Груевски со телевизиски екипи ја снимаше, заплашуваше и казнуваше администрацијата.
Ги повикувам и охрабрувам моите колеги од МЗШВ да не му се плашат на овој насилник. Нека продолжат да си ја вршат чесно и совесно својата работа и нека издржат уште малку.
Ние ја вративме слободата и демократијата во државата и нема да дозволиме да се вратиме назад.
Зошто не ги прашаш Цветане, советниците од твојот кабинет, што прават по канцеларии додека ти се шеташ Цветане. Ти не можеш да ставиш ред во твојот кабинет, да не одиме подалеку.
Остави ги вработените без притисоци да си ја вршат својата работа во интерес на земјоделците!“ Напиша на својот фб профил министерот за земјоделство Трајан Димковски
Цветане, твојот денешен упад во подрачната единица на МЗШВ, ме потсетува на едно друго време на режим, кога твојот…
Gepostet von Trajan Dimkovski am Freitag, 17. Januar 2020