Општина Штип започна со поставување на нова сообраќајна сигнализација на критичните места во градското подрачје. Се регулира крстосницата со улиците Гоце Делчев и Ванчо Прќе со обележување на разделна површина за раздвојување на насоки за движење со хоризонтална сигнализација, како и површина за зголемување на прегледноста на крстосницата.
На обележаните површини со хоризонтална сигнализација дополнително се поставуваат флексибилни столбчиња за поголемо обележување на површините и за спречување на недозволени движења на моторни возила на овие површини. Флексибилните столбчиња имаат рефлектирачки ознаки кои ќе придонесат за зголемена безбедност на крстосницата во ноќни услови.
Поставувањето на вертикалната сигнализација ќе продолжи континуирано на целото градско подрачје со определени приоритетни локации.