Американската амбасадорка Брнс испрати неколку пораки кои се пресудни за иднината на Македонија и фактични многу битни за текот и исходот од изборите. Таа со дипломатски речник им укажа на ВМРО-ДПМНЕ да не го залажуваат народот со какво и да е ревидирање на Преспанскиот договор и буквално уште еднаш ги потенцира придобивките на договорот од Преспа за нашата земја и кои би биле последиците ако случајно се дејствува во правец на поткопување на истиот.
Евентуалното „разгледување“ на Преспанскиот договор, според Американската амбасадорка Брнс, би било дефокусирање од иднината.
Амбасадорката Брнс појасни дека не станува збор само за името, туку за создавање на можности за луѓето во земјата и регионот. Таа ја нагласи важноста на Преспанскиот договор е дека тој потврдува дека земјите мора да направат тешки компромиси и да градат посветла иднина.
Она што ме загрижува, рече Брнс, е обидот да се збунат луѓето за влијанието на Преспанскиот договор врз земјата, за придобивките од создавањето на новите можности, продлабочување на регионалната соработка, привлекување на странските инвестиции и создавање на позитивна иднина.
Американската амбасадорка потенцира дека кога луѓето ќе слушнат за промена, за укинувањето на Договорот, мислам дека треба да знаат и да размислуваат за придобивките што доаѓаат од истиот.
Ј.Ѓ
Извор: ФРОНТЛАЈН