Сообраќајната полиција изутрина спроведе акција за расчистување на пренатрупаните возила на градскиот пазар во Делчево, што беше причина за инциденти во изминатиот период. Трајно решение за проблемот со гужвите се бара со изградба на нов пазар, што, како што велат од општината, е во приоритетите на буџетот за годинава.
-„Моменталната локација на градскиот пазар не ги дава потребните услови, па се незадоволни и продавачите и купувачите. Ние сакаме да добиеме современ градски пазар со целата инфраструктура, во смисла отворен и затворен дел, како и соодветен паркинг простор, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната. Оваа година согласно буџетот за 2020 година изградбата на нов градски пазар е приоритет за над како општина, изработен е проект и очекуваме оваа година да започне неговата изградба„информираа од општината.
Денешниот пазарен ден во Делчево како по традиција освен од домашни купувачи беше исполнет со посетители од Бугарија. Тие го пофалија квалитетот на градинарските производи и истакнаа дека во Делчево на пазар доааѓаат два пати месечно.
Извор: МИА