ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за долгорочни набљудувачи. (ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА)
Рокот за пријавување за долгорочно набљудување е мошне краток – апликациите за долгорочно набљудување мора да пристигнат до сабота, 8 февруари, 12 часот напладне. Избраните долгорочни набљудувачи ќе им се придружат на постојните веќе на 11 февруари, со обуката што ќе ја обезбеди ЦИВИЛ во Скопје.
Функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик.
Повикот за краткорочни набљудувачи ќе биде објавен на 6 февруари.
Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале на семинарите за граѓанско новинарство.
Бројот на новите долгорочни набљудувачи што ќе бидат ангажирани во оваа фаза е девет (9) лица.
Од тимовите за мониторинг на овие избори, на најуспешните двајца ќе им биде понуден ангажман во сферата на мониторингот и промоцијата на проектот „Европа е наш дом“ до крајот на јануари 2021 година.
За сите кандидат(к)и е важно да знаат дека мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Долгорочните набљудувачи се активни најмалку една недела по изборите.
Кандидатите што нема да бидат селектирани за долгорочно набљудување, ќе имаат можност да останат во мрежата на краткорочни набљудувачи.