Во „Дом на млади’ Штип на ден 26.02.2019 година премиерно ќе биде прикажана монодрамата „Прво лице еднина” од режисерката, Драгана Гунин во изведба на актерката Владанка Димковска.
Текстот е на Димковска, работен по мотивите на „Добра ноќ за бунтовни девојчиња” од Елена Фавили и Франческа Кавало.
Актерката ќе прикаже повеќе женски ликови, ќе го прикаже патот на себепронаоѓање и ќе понуди одговори за уметноста. Таа ќе им испрати порака дека никој, никогаш, не треба да се откаже од своите соништа.
Приказната е раскажана преку жените, на поемотивен и посензитивен начин, сепак ги засега сите луѓе, затоа што станува збор за раскажување на „сопствената приказна“, како и соништата кои секој еден човек ги има.