ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Слободни избори наспроти црна пропаганда“ во четврток, 13 февруари, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12 часот.
Учесници на панелот се Славјанка Петровска, Заменик-министерка за внатрешни работи, Марјан Забрчанец, Национален координатор за стратегиски комуникации во Владата на РСМ и Јасна Бачовска, универзитетска професорка. Модератор на панел дискусијата ќе биде Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ.
Како црната пропаганда влијае врз условите за одржување слободни избори? Што треба и што можат да направат Владата и релевантните институции, а што граѓанското општество во борбата против црната пропаганда, лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата? Што е црна пропаганда? Што се хибридни закани врз демократијата? Со кои предизвици се соочува Северна Македонија? Кои се искуствата на нашата земја со црната пропаганда и хибридните закани врз демократијата?