Општина Кочани распиша јавен повик до сите заинтересирани граѓани за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови.
Секое заинтересирано правно и физичко лице во текот на јавниот повик може да достави Иницијатива за изработка и донесување на детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место, преку информацискиот систем е-урбанизам, или во писмена форма преку архивата на Општина Кочани.
Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план, а средствата за изработка на урбанистичките планови за прифатените иницијативи треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите.
Јавниот повик ќе трае најмалку 30 дена , односно во перидот од 20.02.2020 година до 25.03.2020 година.