Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншки комитет за човекови права смета дека овие избори ќе биде засилен говорот на омраза и постои можност за инциденти.
Пред секој изборен процес ние бележиме покажување на бројот на случаи на говор на омраза, па и кривични дела и инциденти од омраза. Јас верувам дека, за жал, во овој предизборен и изборен процес ние ќе се соочиме со многу црни кампањи, ќе се соочуваме со голем број случаи на говор на омраза. Јас се надевам дека правосудните органи во процесов ќе покажат поголема агилност, затоа што навистина говорот на омраза може да доведе до сериозни кривични дела понатаму. Ние ќе го бележиме и ќе известуваме постојано, но за жал, јас сметам дека за разлика од претходниот изборен процес, дека овој ќе помине со повеќе инциденти и со повеќе случаи на говор на омраза“, истакна Пировска одговарајќи на прашањето на Фронтлајн, за нејзините очекувања од изборната кампања.
Б. Б.
Камера: А. Петровски