Општина Штип заедно со ЈП „Исар“ започна со изградба на нова канализациона линија во населбата Железничка со должина од околу 400 метри со 7 приклучни шахти на која ќе се приклучат неколку домаќинства од овој дел од градот.
Општина Штип инвестира 750 илјади денари за да се приклучат и последните станбени објекти од оваа населба на градската канализациона мрежа.
Од општината најавуваат дека активностите ќе продолжат во населбата горна Железничка, кадешто и таму неколку домакинства ќе добијат канализациона мрежа.