На социјалната мрежа Фејсбук деновиве се споделува пост со фотографија од човек кој во раката држи медицински маски што наводно ги продава во автобус на ЈСП, по цена од 80 денари.
„Отсекогаш подземјето било побрзо од институциите..снимено денес во ЈСП…кутија маски 1200 денари..една маска 120 денари..иначе во нормални услови маската е 7 денари..(торбата што ја носи има повеќе од 500 маски)“ гласи фејсбук постот.
Дел од граѓаните наседнаа на ваквата информација, но дел од нив се посомневаа дека станува збор за автобус на ЈСП. Некои успеаја и да ја „провалат“ фотографијата и да откријат дека е направена во Романија, а не во Скопје.
Доколку просурфате на Гугл, ќе видите дека фотографијата веќе е објавувана и на други страни, како на пример, на Фејсбук страницата на 3minute.net, каде фотографијата е постирана на 25 февруари. Според статусот, фотографијата е направена во градот Крајова, Романија.
извор: Критинк.мк