,,Во моментов, единствената пациентка позитивна на корона вирус е во добра здравствена состојба и се лекува во одделот за изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Останатите патници во комбето и лицата со кои тие оствариле непосреден контакт, засега, остануваат во домашна изолација, под постојан надзор на Министерството за внатрешни работи.
Вчерашните резултати на двајцата патници се негативни. Во текот на утрото имаме еден патник, којшто дошол на 22 февруари во Струмица од Италија со супфебрилна температура нешто над 37 степени и земен му е материјал. Резултатите ќе бидат готови во текот на денот, по што веднаш ќе информираме.
Двајца бугарски државјави коишто се на работа во битолска фирма се јавени вчера и самите кажуваат дека биле во регионот на Северна Италија. Направено е интервју од страна на епидемиолог, дадени им се совети да бидат дома, и дадени им се телефоните на коишто треба да се јават доколку им се појават симптоми, со цел да не се движат низ јавно-здравствените институции.
Во текот на вчерашниот ден, имаше дискусија од стручните лица, од епидемиолозите и се даде препорака да се ограничат масовните јавни собири. Согласно Законот за спречување на заразни болести, врз основа на Комисијата за заразни болести, го предложив овој предлог во Владата и го доставив до управувачкиот комитет на Центарот за управување со кризи. Овој предлог ќе биде ставен на денешната седница на Влада и ќе се одреди дали оваа мерка ќе стапи во сила. После седницата на Владата ќе информирам за одлуката”,
Во моментов, единствената пациентка позитивна на корона вирус е во добра здравствена состојба и се лекува во одделот за…
Gepostet von Венко Филипче am Freitag, 28. Februar 2020