ЦИВИЛ ја поздравува иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција за парламентарно и уставно судско преиспитување на оправданоста на одредени законски решенија за привилегиите на поранешните претседатели, која денеска е ставена на дневен ред на седницата на Уставниот суд.
Истовремено, ги охрабруваме уставните судии да донесат разумна одлука и да стават #КрајЗаРасипништвото, што всушност е иницијативата на ЦИВИЛ која се однесува не само на поранешните претседатели на државата, туку на сите сегашни и поранешни функционери.
Иницијативата на ЦИВИЛ беше поднесена до Собранието на Република Северна Македонија на 17 мај 2019.
Бараме оваа иницијатива на ДКСК да се прошири и да се разгледаат сите можности за укинување на привилегиите на сите функционери.
Потсетуваме дека он лајн петицијата на ЦИВИЛ #КрајЗаРасипништвото ја потпишаа над 6.000 граѓанки и граѓани.
Овие граѓан(к)и ја поддржаа иницијативата за укинување на апанажите на било кое ниво и за било која позиција; укинување на доживотните пензии за поранешните претседатели, до моментот кога тие исполнуваат услови за пензија, соодветно на примањата што ги имале во текот на работниот век; укинување на парични и други надоместоци за сите управни одбори, односно позицијата во тие и слични тела треба да биде почесна, а не платена; укинување или спојување на државните агенции, со намалување на бројот на вработени; укинување на сите привилегии што се поврзани со користење на службените возила, репрезентации, обезбедување на функционерите и други прескапи привилегии; драстично намалување на патните трошоци на функционерите, односно, обезбедување средства во висина на цената за јавен превоз; воспоставување на пракса за забрана за набавка на службени возила од средна и висока класа; укинување на дискреционите овластувања на функционерите…
ЦИВИЛ тим за комуникации
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА