„До овој момент во Штип нема заразени граѓани од Корона вирусот, Covid-19. Сите четири случаеви кои се тестирани во Клиничката болница во Штип од околните градови од истокот се негативни.
Во текот на утрешниот ден ќе имаме нови информации од министерството за здравство и Клиничката болница и ќе ги споделиме со јавноста.
Да продолжиме со дисциплиниран и проактивен пристап.
Апелирам до граѓаните на почитување на препораките од министерството за здравство„ Објави на својот фб профил градоначалникот на Штип, Благој Бочварски
До овој момент во Штип нема заразени граѓани од Корона вирусот, Covid-19. Сите четири случаеви кои се тестирани во…
Gepostet von Bocvarski Blagoj am Sonntag, 15. März 2020