Градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски денес на својот гб профил објави дека поради новонастаната состојба со корона вирусот Општина Штип ќе формира мобилни тимови за помош на сите стари, изнемоштени лица, лица со попреченост, лица кои поради различни причини имаат потешкотии со движењето или спаѓаат во категоријата на лица во ризик со цел да им се олесни секојдневното функционирање на оваа категорија граѓани и да не се изложуваат на дополнителна опасност.
Како градоначалник на Општина Штип ги информирам граѓаните дека поради новонастанатата состојба со Корона вирусот…
Gepostet von Blagoj Bochvarski am Sonntag, 15. März 2020
Бочварски информираше дека помошта на мобилните тимови ќе се состои од : помош за набавка на намирници, подигање на лекови од аптека и нивна достава до живеалиштето и помош за плаќање на сметки.
Оваа активност започнува од утре, а граѓаните истата ќе можат да ја побараат преку телефонските броеви 078472621 и 032226623 од 7:30 до 15:30 часот .