Општина Македонска Каменица во соработка со Здружението на граѓани „Глас на еднаквоста“ формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби од општината со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати луѓе и да се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19.
Од Општината информираат дека секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребни лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена ќе може да телефонира секој ден од неделата, во секој дел од денот, на следните телефонски броеви :
078 651 089 071 377 841 078 416 528 078 218 706
После јавувањето доаѓа лице од мобилниот тим од општина Македонска Каменица и Здружението на граѓани „Глас на еднаквоста“ – Македонска Каменица во домот на нарачателот и ќе ја прими нарачката со соодветни средства за купување на истата.