Јавното претпријатие Камена Река извести дека денес во 19 часот ќе започне со дезинфекција на сите градски улици во Македонска Каменица.
Од страна на јавното претпријатие апелираат граѓаните да ги отстранат паркираните возила од улиците и јавните површини во градот, со што ќе се овозможи подобра чистота и сите заедничли ќе допринесеме за спречување во ширењето и зголемена заштита од вирусот Ковид – 19.
„Во моментов се врши дополнителна дезинфекција на јавните површини, урбаната опрема, како и забавните паркови и повеќенаменски игралишта во градот. Активностите на претпријатието продолжуваат со дезинфекција на влезовите во станбените живеалишта, како и со сите активности кои ги наложуваат новите мерки и одредби кои ги носи Владата и Министерството за здравство преку Комисијата за заштита и спречување на заразни болести“ Известија од ЈП Камена Река